Ердоган: Клучот за претстојните избори е нашата младина, а не оваа или онаа партија

Претседателот Ердоган истакна дека очекувањата на младите се од витално значење за нив и напомена дека клучот за претстојните избори се младите, а не оваа или онаа партија

1734717
Ердоган: Клучот за претстојните избори е нашата младина, а не оваа или онаа партија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Народната градина во Анкара учестуваше на Младинскиот фестивал на локалните управи и во говорот што го одржа овде истакна дека очекувањата на младите се од витално значење за нив.

Велејќи дека во време кога Европа и Азија почнуваат брзо да стареат е значајно тоа што една третина од населението на Турција се состои од деца и млади, Ердоган рече: „Со целта за зелен развој го фрливме првиот чекор на визијата за 2053 година која ќе им ја довериме (оставиме во аманет) на нашите млади. Соништата, очекувањата, размислувањата, определбите и предлозите на нашите млади се од витално значење за нас.“

Претседатерлот Ердоган истакна дека младите ќе бидат клучни на следните претседателски и парламентарни избори во земјата за во 2023 година.

Тој рече: „Повеќе од шест милиони наши млади ќе гласаат по прв пат на изборите во 2023 година.“

„Клучот за претстојните избори е нашата младина, а не оваа или онаа партија,“ порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и додаде дека Турција им придава посебно значење на своите млади.

 



Слични вести