Во октомври во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ на северот на Ирак се неутрализирани 27 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека минатиот месец во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ во северниот дел на Ирак се неутрализирани 27 терористи

1733706
Во октомври во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ на северот на Ирак се неутрализирани 27 терористи

Минатиот месец (во октомври) во рамките на операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се реализираат против терористичките цели во северниот дел на Ирак, се неутрализирани 27 терористи.

Според добиени информации од Министерството за национална одбрана, одлучно продолжуваат операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ кои се започнати едновремено во месец април против терористичките цели во северниот дел на Ирак.

Турските командоси кои во рамките на операцијата „Шепа-Гром“ влегоа во 163 пештери во подрачјето, само во месец октомври неутрализираа 27 терористи.

Во рамките на операцијата од страна на турските командоси беа уништени и 12 критични точки користени од терористите.

Извори на Министерството за национална одбрана истакнуваат дека во рамките на операцијата „Шепа-Гром“ се уништени и оштетени и засолништа, скривници/бункери, магацини и таканаречени штабови кои со години ги користеле терористите во подрачјето.



Слични вести