Претседателот Ердоган: И покрај глобалните банди одбранбената индустрија на Турција ја издигнавме во лигата на гигантите

Претседателот Ердоган истакна дека и покрај глобалните банди, одбранбената индустрија на Турција ја издигнаа во лигата на гигантите

1733709
Претседателот Ердоган: И покрај глобалните банди одбранбената индустрија на Турција ја издигнавме во лигата на гигантите
erdogan.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Memur-Sen Programı2.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Memur-Sen Programı1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Конгресниот центар во Истанбул говореше на програмата „Средба на голема Турција на службеничкиот синдикат Мемур-сен“ кадешто истакна дека и покрај глобалните банди, одбранбената индустрија на Турција ја издигнаа во лигата на гигантите.

Говорејќи за успесите што Турција ги постигна во последните две децении, претседателот Ердоган рече: „Зад секој успех што го постигнавме во последните 19 години се крие многу сериозен труд, трпение, стратегија и работа.“

Тој истакна дека Турција има вложено големи напори да ги подигне стандардите на демократијата и дека нејзините напори се саботирани со провокации, државни удари и политички убиства. Сепак, како што рече, не е дозволено да се запре нејзиниот успех.

Осврнувајќи се на успесите коишто ги постигнува Турција во сферата на одбранбената индустрија, Ердоган рече: „Дали во моментов имаме наши (беспилотни летала) ИХА? Имаме. Дали имаме наши (наоружани беспилотни летала) СИХА? Имаме. Сега се искачивме за уште еден сегмент погоре. Имаме и наши беспилотни летала со офанзивна цел Акинџи.“

„И покрај глобалните банди кои сакаа да бидеме зависни од нив, одбранбената индустрија на Турција ја издигнавме во лигата на гигантите. Додека ние трчаме за да ја издигнеме нашата земја над нивото на современите цивилизации, оние кои се наоѓаат пред нас својата енергија ја трошат за да ја влечат Турција надолу.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести