Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 215 лица, регистрирани се 22.583 нови позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 215 лица, направени се 347.426 тестирања од кои се регистрирани 22.583 нови позитивни случаи

1733533
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 215 лица, регистрирани се 22.583 нови позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 215 лица.

Во изминатото деноноќие се направени 347.426 тестирања од кои се регистрирани 22.583 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 25.254 лица.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза вакцина заклучно со 14 ноември, недела во 08:40 часот по турско време, се зголеми на 118 милиони 302 илјади 677.

 



Слични вести