Потпретседателот Фуат Октај ќе учествува на церемониите на 38-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Потпретседателот Октај Потпретседателот Фуат Октај на 15 ноември, во понеделник ќе учествува на церемониите по повод одбележувањето на 38-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1733377
Потпретседателот Фуат Октај ќе учествува на церемониите на 38-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Потпретседателот Фуат Октај на 15 ноември, во понеделник ќе замине за главниот град на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Лефкоша кадешто ќе учествува на церемониите по повод одбележувањето на 38-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Октај во рамките на церемониите ќе положи венец на споменикот на Ататурк во Лефкоша, а потоа ќе присуствува на официјалната парада.

Фуат Октај ќе присуствува на официјалната вечера којашто по повод годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе биде приредена од страна на претседателот Ерсин Татар, како и на церемониите на поставување на камен темелникот за изградба на воената болница Ново Гирне, ставањето во услуга на државната болница со 500 легла, свеченото отворање на делот од 9 километри од делницата од патот Искеле-Чајирова од проектот Богаз-Чајирова и новоизградените 25 километри селски патишта во склопот на проектот за изградба на селските патишта..

Потпретседателот Фуат Октај за време на неговата посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе присуствува и на отворањето на изложбата „Турско-исламска историја на науката во 100 предмети“.

 

 



Слични вести