Декларација од 8. Самит на Турскиот совет: Името на Советот е Организација на турски држави

Во објавената заедничка декларација по 8. Самит на шефови на држави на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) името на Турскиот совет е променето во „Организација на турски држави“

1733342
Декларација од 8. Самит на Турскиот совет: Името на Советот е Организација на турски држави

По  8. Самит на шефови на држави на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) што се одржа на Островот на демократијата и слободите Јассиада во Истанбул и чиј домаќин беше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, беше објавена заедничка декларација.

Во заедничката декларација се истакнува дека дека името на Советот за соработка на турскофонските земји е променето во „Организација на турски држави“.

Во декларацијата стои дека „Визијата на турскиот свет 2040“ иницирана од  страна на основачот на Казахстан Нурсултан Назарбаев, е прифатена како стратешки документ кој биде водич на соработката кон иднината во различни полиња каде што турските држави располагаат со заеднички интереси, а воедно се нагласува дека Туркменистан се приклучи на Организацијата како земја посматрач и дека оваа состојба ќе ја подобри солидарноста и соработката меѓу турските држави и нивните народи.

Во декларацијата му се честита на Азербејџан за победата во „44-дневната татковинска војна“ и се поддржува нормализацијата на односите помеѓу Ерменија и Азербејџан.

Се нагласува дека треба да се постигне праведно, трајно, одржливо и взаемно прифатливо решение за Кипарскиот проблем на основа на вистините на островот и се изнесува солидарноста со кипарскиот турски народ кој располага со желба да бидат загарантирани неговите фундаментални и еднакви права.

Во декларацијата се поддржуваат напорите на Киргистан за изнаоѓање мирољубиво решение за ситуацијата на киргистанско-таџичката граница и се наведува дека  се дочекува со задоволство дијалогот помеѓу двете земји. Исто така се бара од двете страни да ги преземат неопходните чекори за зајакнување на меѓусебната доверба и избегнување од судири во иднина.

Во декларацијата се наведува дека е одлучено да се развие соработката во борбата против тероризмот, екстремизмот, сепаратизмот, расизмот, дискриминацијата, ксенофобијата (непријателството кон странците), исламофобијата (непријателството кон исламот) и сите форми на говор на омраза, како и да се координираат напорите во овие сфери на меѓународно ниво.

Во декларацијатасе истакнува дека со преземање на неопходните мерки за олеснување на взаемната трговија и инвестициите се останува приврзан кон целта за создавање поволни услови меѓу државите членки.

Декларацијата беше потпишана на казахстански, киргистански, турски, узбекистански и азербејџански јазик.

 



Слични вести