Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 217 лица, регистрирани се 23.637 нови позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 217 лица, направени се 354.287 тестирања од кои се регистрирани 23.637 нови позитивни случаи

1733335
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 217 лица, регистрирани се 23.637 нови позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 217 лица.

Во изминатото деноноќие се направени 354.287 тестирања од кои се регистрирани 23.637 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 25.164 лица.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза вакцина заклучно со 12 ноември, петок, во 23:58 часот по турско време, се зголеми на 118 милиони 225 илјади 065.

 



Слични вести