Претседателот Ердоган: Името на Турскиот совет е веќе Организација на турски држави

Претседателот Ердоган информира дека името на Турскиот совет е веќе Организација на турски држави и рече дека со ноото име и новата структура особено упорно ќе се пуштат корења, ќе се растате, ќе се развива и ќе се распространи побрзо

1733325
Претседателот Ердоган: Името на Турскиот совет е веќе Организација на турски држави
Cumhurbaşkanı Erdoğan, Türk Konseyi 8. Zirvesi sonrasında basın toplantısı.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по 8. Самит на Турскиот совет на Островот на демократијата и слободите во Истанбул одржа прес конференција на која информира дека името на Турскиот совет  е веќе Организација на турски држави.

Ердоган рече: „Со Организацијата на турските држави, нашето ново име и нашата нова структура, особено упорно ќе пуштиме корења, ќе растеме, ќе се развиваме и ќе се распространиме побрзо. Името на нашиот Совет (Турскиот совет) е веќе Организација на турски држави.“

Претседателот Ердоган истакна дека териториите на Туркестан кој е колевка на цивилизацијата, повторно ќе стане центар на гравитација и просветлување за целото човештво.

Тој напомена дека на самитот е усвоен и Документот за визија на турскиот свет за 2040 година кој ја зацртува перспективата на организацијата за во иднина.

„Фотографијата што ја даваме овде денеска ја оценуваме како нов симбол на вечното братство меѓу нас како турски свет. Никој не треба да се вознемирува од Организацијата на турските држави, туку треба да се обидува да биде дел од оваа доброволна (несебична) структура која издигнува над древни историски и човечки односи. Со споделување на нашите можности во периодот на епидемијата (Ковид-19) уште еднаш покажавме дека сме едно (обединети) и заедно како турски свет. Како Турски совет, ќе донираме 2,5 милиони дози вакцини на Африка. Од нив 2 милиони ќе донираме ние како Турција.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести