Лидерите на турскиот свет се состанаа во Истанбул на 8. Самит на шефови на држави на Турскиот совет

Претседателот Ердоган во рамките на 8. Самит на Турскиот совет во новоотворената зграда на Генералниот секретаријат на Турскиот совет во Султанахмет во Истанбул се состана со шефовите на земјите членки на Советот

1733322
Лидерите на турскиот свет се состанаа во Истанбул на 8. Самит на шефови на држави на Турскиот совет
TK-B-4.jpg
TK-B-3.jpg
TK-B-1.jpg

На Островот на демократијата и слободите на Јссиада во Истанбул се одржа 8. Самит на шефовите на држави на Турскиот совет чиј домаќин беше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

На самитот на тема „Зелени технологии и паметни градови во дигиталната ера“ освен  претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин, учествуваа претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, претседателот на Казахстан Касим Жомарт Токаев, претседателот на Киргистан Садир Џапаров, претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, премиерот на Унгарија во својство на земја посматрач Виктор Орбан и генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев.

Претседателот на Туркменистан Гурбангулу Бердимухамедов исто така за прв пат го претставуваше Туркменистан со статус на земја посматрач. 

Претседателот Ердоган најпрвин учествуваше на програмата на свечено отворање на седиштето на Генералниот секретаријат на Турскиот совет во Султанахмет во Истанбул.

На церемонијата освен претседателот Ердоган присуствуваа и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, претседателот на Казахстан Касим Жомарт Токаев, претседателот на Киргистан Садир Џапаров, претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, претседателот на Туркменистан Гурбангулу Бердимухамедов, премиерот на Унгарија земјата посматрач Виктор Орбан и генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев, како и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Бинали Јилдирим.

Претседателот Ердоган, во рамките на 8. Самит на Турскиот совет што беше одржан потоа на  Островот на демократијата и слободите Јассиада, во новоотворената зграда на Генералниот секретаријат на Турскиот совет во Султанахмет во Истанбул се состана со шефовите на земјите членки на Советот.

На самитот се очекува да бидат донесени значајни одлуки во однос на промената на името на Турскиот совет во „Организација на турските држави“ и функционирањето и иднината на организацијата, вклучувајќи го и усвојување на документот за визија за следните 20 години.

На самитот на кој мандатот на претседателството од Азербејџан ќе премине на Турција беше разговарано за прашања посветени на развивањето уште повеќе на соработката на сите полиња.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на 8. Самит на шефовите на држави на Турскиот совет се состана со претседателот на Туркменистан Гурбангулу Бердимухамедов, а потоа имаше одделни средби и со останатите претседатели на земјите учеснички на самитот.

Потоа претседателот Ердоган и неговите колеги претседатели заминаа на Островот на демократијата и слободите Јассиада каде што се одржа 8. Самит на Турскиот совет.

 



Слични вести