Ердоган: Предлагаме формирање на Механизам за цивилна заштита на Организацијата на турските држави

Претседателот Ердоган во своето обраќање на 8. Самит на Турскиот совет рече: „Како Турција, за заедничко делување предлагаме да се формира 'Механизам за цивилна заштита на Организацијата на турските држави' “

1733324
Ердоган: Предлагаме формирање на Механизам за цивилна заштита на Организацијата на турските држави
Türk konseyi zirve.jpg

На Островот на деморкатијата и слободите Јассиада во Истанбул се одржа 8. Самит на Турскиот совет во Истанбул чиј домаќин беше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде во врска со елементарните непогоди го рече следното: „Треба да фрлиме потпис на заеднички проекти насочени кон зелениот раст. Како Турција, за заедничко делување предлагаме да се формира 'Механизам за цивилна заштита на Организацијата на турските држави'.“

Осврнувајќи се на борбата против тероризмот Ердоган рече: „Одлучни сме да ја продолжиме нашата борба против секој вид тероризам на чело со точките на злото како што се ПКК-ЈПГ, ДЕАШ и ФЕТО. Треба да ја зголемиме нашата соработка по ова прашање.“  

Претседателот Ердоган истакна дека се надева оти и Турска Република Северен Кипар (ТРСК) ќе биде меѓу земјите членки на Турскиот совет.

Нагласувајќи дека Турска Република Северен Кипар (ТРСК) е неразделен дел на турскиот свет, Ердоган на лидерите на турските земји на 8. Самит на Турскиот совет во Истанбул им се обрати со следните зборови: „Имам доверба во вашата драгоцена поддршка за олеснување на изолацијата и ембаргото на кои се подложени кипарските Турци кои се неразделен дел на турскиот свет. Треба да делуваме заедно во борбата против деструктивните движење кои се чумата на нашата ера како што се исламофобијата и ксенофобијата. За уште повеќе обогатување на нашата семејна фотографија од се срце посакуваме и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во наредниот период да ја видиме меѓу нас.“

Претседателот Ердиган во својот говор воедно информира дека Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ“ (TEKNOFEST), најголемиот турски настан за воздушна и технологија, следната година ќе се одржи во Азербејџан.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев исто така во својот говор на самитот рече: „Мојот брат (претседателот Ердоган) покажа дека Азербејџан не е сам во светот и дека Турција секогаш ќе биде покрај него. Денеска имаме заедничка визија меѓу земјите од турскиот свет. Оваа заедничка визија треба да биде поставена на една здрава основа. Коридорот Зенгезур ќе го поврзе турскиот свет и ќе не поврзе со Европа.“

На самитот на тема „Зелени технологии и паметни градови во дигиталната ера“ освен  претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин, учествуваа претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, претседателот на Казахстан Касим Жомарт Токаев, претседателот на Киргистан Садир Џапаров, претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, премиерот на Унгарија во својство на земја посматрач Виктор Орбан и генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев.

Претседателот на Туркменистан Гурбангулу Бердимухамедов исто така за прв пат го претставуваше Туркменистан со статус на земја посматрач. 

 



Слични вести