Ердоган: „Грција се претвори во база на САД

Во свое име и во името на мојата нација, би сакал да му се заблагодарам на г-дин Орбан

1732905
Ердоган: „Грција се претвори во база на САД

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Грција се претвори во база на Соединетите Американски Држави (САД).

Претседателот Ердоган во Претседателскиот комплекс одржа заедничка прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во официјална посета на главниот град Анкара.

Нагласувајќи дека со Орбан размениле мислења за меѓународните и регионални прашања, Ердоган рече дека имаат за цел да ја зголемат билатералната трговска размена од 3 на 6 милијарди долари.

Велејќи: „Во свое име и во името на мојата нација, би сакал да му се заблагодарам на г-дин Орбан,  кој постојано посочуваше на на важноста на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), особено што ни ја дава потребната поддршка во секое време, јас во секоја прилика ќе продолжам да ја споменувам неговата искрена поддршка. Се надевам дека нивниот придонес во разбирањето на нашите ставови ќе продолжи со тоа што ќе се зајакне“.

Критикувајќи ги изјавите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Ердоган рече: „Да се ​​каже дека „проблемот со бегалците произлегува од Турција“ на земја која прими речиси 5 милиони бегалци во својата земја е неблагодарност“

„Не знам што ќе направи Грција ако ги отвориме вратите. Пред се Грција е земјата која ги бушеше чамците на бегалците во Егејот и Медитеранот, осудувајќи ги на смрт. Ги имаме сите документи“.

Осврнувајќи се на базата што САД ја основаа во регионот Дедеагач (Александрополи) во Грција, Ердоган рече: „Самата Грција сега стана база на Америка“.

Виктор Орбан изјави дека ЕУ треба да даде што е можно поголема поддршка на Турција (за имиграцијата).



Слични вести