Во подрачјето на градот Хатај започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-2 Аманослар“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на градот Хатај е започната нова антитерористичка операција насловена како „Ерен Зима-2 Аманослар шехид жандармериски војник Есат Менгилли“ со учествуво на 718 припадници на безбедносните сили

1732421
Во подрачјето на градот Хатај започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-2 Аманослар“

Во подрачјето на градот Хатај, во југоисточниот дел на земјата е започната нова антитерористичка операција насловена како „Ерен Зима-2 Аманослар шехид жандармериски војник Есат Менгилли“ во која учествуваат 718 припадници на безбедносните сили.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека со цел исклучување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во подрачјето е започната антитерористичката операција „Ерен Зима-2 Аманослар шехид жандармериски војник Есат Менгилли“.

Во операцијата раководена и управувана од страна на Регионалната команда на жандармеријата во Адана учествуваат 62 оперативни тимови составени од вкупно 718 припадници на безбедносните сили.

Во соопштението на Министерството се нагласува дека успешно продолжуваат зимските операции Ерен коишто се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата.



Слични вести