Осмиот самит на лидерите на земјите членки на Турскиот совет ќе се одржи на 12 ноември во Истанбул

Истанбул на 12 ноември (утре) ќе биде домаќин на 8. самит на лидерите на земјите членки на Турскиот совет

1732269
Осмиот самит на лидерите на земјите членки на Турскиот совет ќе се одржи на 12 ноември во Истанбул

Осмиот самит на лидерите на земјите членки на Турскиот совет ќе се одржи во Истанбул на 12 ноември (утре) чиј домаќин ќе биде претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Според објавеното писмено соопштение од Турскиот совет, на самитот освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својство на домаќин, се очекува да учествуваат претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, претседателот на Казахстан Касим Жомарт Токаев, претседателот на Киргистан Садир Џапаров, претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов, премиерот на Унгарија Виктор Орбан и генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев.

На самитот, кој ќе се одржи на тема „Зелени технологии и паметни градови во дигиталната ера“ лидерите ќе разговараат за интензивните точки на дневниот ред и притоа ќе бидат донесени одлуки во однос на голем број значајни прашања коишто ја засегаат иднината на Организацијата.

 



Слични вести