Министерот за национална одбрана Акар се состана со неговиот катарски колега Атије

На остварената средба во Истанбул двајцата министри за одбрана Акар и Атије разменија мислења во однос на билатерални и регионални одбранбено-безбедносни прашања, како и за прашања посветени на соработката во одбранбената индустрија

1732358
Министерот за национална одбрана Акар се состана со неговиот катарски колега Атије

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со министерот за одбрана на Катар Халид бин Мухамед ел-Атије.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО), на остварената средба во Истанбул двајцата министри за одбрана Акар и Атије разменија мислења во однос на билатерални и регионални одбранбено безбедносни прашања, како и за прашања посветени на соработката во одбранбената индустрија.

Освен тоа, на средбата беше изразена волјата за зголемување на взаемната соработка во воената обука помеѓу Турција и Катар.



Слични вести