Документарен филм на „TRT World“, „The Factory“: Како француската компанија „Лафарж“ ги финансира терористите

Документарниот филм „The Factory“ („Фабрика“) ќе ја обелодени соработката на француската компанија за цемент „Лафарж“ („Lafarge“) со терористичките организации во Сирија под контрола на француските разузнавачки служби

1732447
Документарен филм на „TRT World“, „The Factory“: Како француската компанија „Лафарж“ ги финансира терористите

Документарниот филм „The Factory“ („Фабрика“), подготвен од страна на „TRT World“ („ТРТ Ворлд“) по испитување со голема претпазливост на половина милион документи во текот на две години; Со документација и сведоци ќе ја обелодени соработката на француската компанија за цемент „Лафарж“ („Lafarge“) со терористичките организации под контрола на француските разузнавачки служби, како и тоа дека десетици милиони долари им се префрлени на терористичките организации, а пред се на ДАЕШ и ПКК.

Документарниот филм ќе се емитува на три телевизиски канали и тоа „TRT Haber“, „TRT World“ и „TRT Arabi“ на 12-13 ноември кога се одбележуваат 6 години од реализираните терористички напади во главниот град на Франција, Париз.

Во документарниот филм кој  расветлува една од мрачните точки на војната во Сирија со сите детали ќе биде раскажано со чие усмерување (под чија директива) француската гигантска компанија за цемент донесе одлука да остане во Сирија, како фондовите (финансиските средства) на Европската унија (ЕУ) со знаење и одобрение на француските разузнавачки служби се префрлаат на ДЕАШ и ПКК, и кои чекори ги презедоа француските политичари и разузнавачки служби за спасување на „Лафарж“ („Lafarge“) од спроведување на судска и административна истрага во врска со сето тоа.

Ќе биде обелоденето и изнесено на светлината на денот и тоа како процесот што започна со финансирање на ДАЕШ во Сирија доведе до реализирање на нападите во Париз.

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун исто така во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го објави рекламниот филм на документарецот.

Алтун во објавата напиша: „Една француска компанија која ги финансира терористичките организации, милиони долари и валкани односи во позадината... Поредок со кој се упропастува човечкиот живот и илјадници невини животи се откинуваат од живот... Документарен филм кој ќе го потресе светот 'The Factory' ('Фабрика') на 12 ноември на TRT Haber.“

 



Слични вести