Чавушоглу разговараше со неговиот полски колега Рау за мигрантската криза на полско-белоруската граница

Чавушоглу го изрази своето жалење поради тоа што Турција иако не е страна во проблемот се водат обиди да се прикаже како дел од проблемот и поради неоснованите тврдења насочени кон Турција и Туркиш Ерлајнс

1732646
Чавушоглу разговараше со неговиот полски колега Рау за мигрантската криза на полско-белоруската граница

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше со неговиот полски колега Збигниев Рау во врска со присутната криза со нерегуларните мигранти на границата помеѓу Полска и Белорусија.

Чавушоглу во остварениот телефонски разговор со Рау го изрази своето жалење поради тоа што Турција иако не е страна во проблемот се водат обиди да се прикаже како дел од проблемот и поради неоснованите тврдења насочени кон Турција и Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), а воедно нагласи дека Турција ги отфрлува овие  тврдења.

Освен тоа, Чавушоглу го потсети неговиот полски колега дека јавноста треба да биде правилно информирана во врска со овие тврдења поради што за тоа му понуди технички екипи од Полска да дојдат во Турција.

Во меѓувреме и Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ги демантираше вестите коишто се појавија во некои меѓународни информативни гласила во однос на тоа дека „Туркиш Ерлајнс со своите летови за Белорусија превезува илегални мигранти во оваа земја.“



Слични вести