Со почит кон големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк на 83. годишнина од неговата смрт

Првата и централна адреса на церемониите по повод 10 ноември Денот на сеќавање на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк, на кои се состана државниот врв се одржа во мавзолејот „Аниткабир“ во Анкара

1731704
Со почит кон големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк на 83. годишнина од неговата смрт

Денеска е 10 ноември, 2021 година...

Ја одбележуваме 83. годишнина од смртта на големиот лидер основоположникот на Република Турција Гази Мустафа Кемал Ататурк.

Денеска се навршуваат точно 83 години од смртта на големиот лидер основоположникот на Република Турција и нејзин прв претседател големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк, кој со Војната за слобода што ја започна  и траеше од 1919 до 1923 година најпрвин ја спаси Анадолија од окупација, а потоа со реализираните револуции во секоја сфера ги постави камен темелниците на современаТурција

Уште еднаш со љубов, почит и благодарност се сеќаваме на големиот лидер Ататурк кој  на 10 ноември 1938 година во сарајот Долмабахче во Истанбул, ги затвори своите очи и замина во неговиот вечен дом.

Турција, уште еднаш со љубов, почит и благодарност се сеќава на својот голем лидер Ататурк кој во текот на својот 57 годишен живот секоја борба на која се нафати за независноста на својот народ и својата татковина со неговата воена и политичка генијалност, ја круниса со победа и кој своето име го запиша со златни букви во турската и светската историја.

Првата и централна адреса на церемониите по повод 10 ноември Денот на сеќавање на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк на кои се состана државниот врв се одржа во мавзолејот „Аниткабир“ во Анкара.

Денеска, како и секоја година, се одржуваат церемонии, програми и манифестации низ цела Турција и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата.

Утрово точно во 09:05 часот, моментот кога Ататурк ги затвори своите очи и почина на 10 ноември 1938 година пред точно 83 години, засвиреа сирените.

За момент замре животот во целата земја, сите граѓани му оддадоа почит со едноминутно молчење на големиот лидер.

Во истите минути првата и централна адреса на церемониите беше мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и државната делегација во негова придружба го посетија гробот на Ататурк каде што беше положен венец и му беше оддадена почит со едноминутно молчење на големиот лидер, во неговиот вечен дом во мавзолејот „Аниткабир“.

По официјалната церемонија мавзолејот „Аниткабир“ беше отворен за посета на граѓаните.

Илјадници граѓани кои денеска ја доживуваат истата тага, но воедно и понос, гордост и љубов, исто како и пред 83 години, во текот на денот ќе го посетат мавзолејот на големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк.

 



Слични вести