Претседателот на Собранието Шентоп објави порака по повод 83. годишнина од смртта на Ататурк

Мустафа Шентоп во својата порака истакна дека со почит и благодарност се сеќаваме на првиот претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Врховниот командант на Националната борба, основачот на Републиката Гази Мустафа Кемал Ататур (ТБММ)

1731717
Претседателот на Собранието Шентоп објави порака по повод 83. годишнина од смртта на Ататурк

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп  објави порака по повод одбележувањето на 83. годишнина од смртта на основоположникот на Република Турција Гази Мустафа Кемал Ататурк.

Мустафа Шентоп во својата порака истакна дека со почит и благодарност се сеќаваме на првиот претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Врховниот командант на Националната борба, основачот на Републиката Гази Мустафа Кемал Ататурк, на 83. годишнина од неговата смрт.

Шентоп нагласи дека да се разбере Гази Мустафа Кемал Ататурк значи „Земајќи го за пример неговото лидерство во борбата којашто Тој ја водеше заедно со турскиот народ против седумте големи држави светски сили во тоа време“ постојано да им се дава приоритет на националните интереси на Турција и да се застане во одбрана на неговото наследство за целосна независност, чесна иднина, научен напредок и развој.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во својата порака го напиша следното:

„Ататурк е лидер кој идеалот за целосна независност на нашиот народ го конкретизирал во неговиот лик. Тој и неговите другари не само што им оставија во аманет на идните генерации една татковина, туку оставија и еден национален идеал и национална волја, со одлучност да се жртвува сопствениот живот.

Ако денеска нашата земја чекори кон иднината во мир и спокојство додека целиот свет е во немир, тоа е резултат на целта и визијата коишто ги поставија пред нас јунаците на Националната борба под негово водство и на нашата решителна борба на тој пат. Секој треба добро да го знае тоа дека нашиот народ вечно со елан и одлучност ќе продолжи да чекори по патот на идеалот за целосна независна и повторно голема Турција.“

Потпретседателот Фуат Октај, исто така објави порака по повод 83. годишнина од смртта на Ататурк и преселувањето во неговиот вечен дом.

Октај во својата порака го напиша следното: „Се сеќавам со почит, благодарност и милост на Гази Мустафа Кемал Ататурк, основоположникот на нашата Република, на 83. годишнина од неговото преселување во неговиот вечен дом.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во сопштението што го објави по повод 10 ноември - Денот на сеќавање на Ататурк, истакна дека со милост и благодарност се сеќаваме на Врховниот командант на Националната борба и основоположникот на Република Турција Ататурк кој со своите принципи и мисли живее во меморијата и срцето на турскиот народ, на 83. годишнина од неговата смрт.

Министерот Хулуси Акар во својата порака напиша дека Ататурк кој ја водеше Националната борба до победа и оваа победа ја круниса со формирање на Републиката, е едниот од најзначајните лидери и државни личности не само во турската историја туку и во светската историја.

 



Слични вести