Претседателот Ердоган точно во 09:05 часот сподели порака во чест на сеќавање на Ататурк

Претседателот Ердоган во својата порака напиша: „Со почит, величење и милост се сеќавам на Врховниот командант на нашата борба за независност, основоположникот на нашата Република Гази Мустафа Кемал Ататурк, на 83. годишнина од неговата смрт“

1731783
Претседателот Ердоган точно во 09:05 часот сподели порака во чест на сеќавање на Ататурк

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, по повод одбележувањето на 83. годишнина од смртта на големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк на својот профил преку социјалната медија сподели порака точно во 09:05 часот, моментот кога големиот лидер ги затвори своите очи и се пресели во неговиот вечен дом.

Претседателот Ердоган во својата порака во чест на сеќавање на Ататурк на 83. годишнина од неговата смрт, го напиша следното: „Со почит, величење и милост се сеќавам на Врховниот командант на нашата борба за независност, основоположникот на нашата Република Гази Мустафа Кемал Ататурк, на 83. годишнина од неговото преселување во неговиот вечен дом.“

Во споделената порака од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му е одделено место и на визуелен приказ со фотографија на Ататурк со натпис „Се сеќаваме со почит, милост и благодарност.“



Слични вести