Претседателот Ердоган: Ататурк треба да се разбере со утврдување правилно на причините во позадината на неговата борба

Претседателот Едоган истакна дека Ататурк треба да се разбере следејќи ги трагите на неговата борба и утврдувајќи ги правилно причините во нејзината позадина

1731995
Претседателот Ердоган: Ататурк треба да се разбере со утврдување правилно на причините во позадината на неговата борба

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, по повод одбележувањето на 83. годишнина од смртта на големиот лидер, основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, говореше на церемонијата на сеќавање на Ататурк што се одржа во историската концертна сала на Претседателскиот симфониски оркестар, во организација на Високата институција за јазик и историја во Анкара.

Претседателот Едоган овде истакна дека Ататурк треба да се разбере следејќи ги трагите на неговата борба и утврдувајќи ги правилно причините во нејзината позадина.

Ердоган нагласи дека им се благодарни на сите кои работат за изградба на голема и силна Турција. 

Велејќи „Имаме за цел на 100-годишнината од формирањето на нашата Република (2023) да ги искачиме на ниво нашата земја коешто ќе му доликува на наследството на нашите предци и ќе биде во усогласеност со мислите на нашиот народ“, претседателот Ердоган рече: „Затоа водиме обиди над цврстата инфраструктура што ја изградивме во секоја сфера  од образованието до задравството, од безбедноста до технологијата, да изградиме Турција која со нејзината политичка и економска сила ќе биде претенциозна во првата лига во светот.“

Ердоган напомена дека работат со пружање нови услуги за одржување и унапредување до повисок степен на Републиката и својот говор го продолжи со следните зборови: „Старата зграда на Претседателскиот симфониски оркестар каде што го одржуваме нашиот денешен состанок и веднаш до неја новата зграда стојат пред нас како конкретни примери за овој начин на сфаќање. На ист начин, и старите и новите згради на Културниот центар Ататурк во Истанбул се симболи коишто покажуваат од каде до каде е дојдена нашата земја.“

„Секако дека е значајно да се споменува Ататурк, но главната поента е да се разбере Ататурк следејќи ги трагите на неговата борба и утврдувајќи ги правилно причините во нејзината позадина. Не е заборавено дека нашата нова држава изградена над владеењето на националната волја, и покрај различни обиди/потраги и доживеани неволји претставува продолжеток на нашата 2000-годишна државна традиција/линија.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 

 



Слични вести