Од денеска (10 ноември 2021 година) во Турција стапи во сила Парискиот климатски договор

Со договорот со кој има за цел да глобалното зголемување на температурата на крајот на овој век да биде ограничен со 1,5 степени Целзиусеви, се цели испуштањето на стакленичките гасови да се сведе на тенденција на намалување на глобално ниво

1731943
Од денеска (10 ноември 2021 година) во Турција стапи во сила Парискиот климатски договор

Заклучно со денеска во Турција стапи во сила Парискиот климатски договор со кој се има за цел да се води борба против климатските промени и  кој беше одобрен во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Со договорот со кој има за цел да глобалното зголемување на температурата на крајот на овој век да биде ограничен со 1,5 степени Целзиусеви, се цели испуштањето на стакленичките гасови да се сведе на тенденција на намалување на глобално ниво.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред Генералното собрание на Обединетите нации во септември соопшти дека Турција ќе стане страна во Парискиот договор.

Потоа договорот беше едногласно одобрен на пленарната седница на Собранието и на тој начин Турција стана 192-ра земја страна во договорот.

Во рамките на договорот, се планира Турција како прв чекор да ги ажурира своите изјави за национален придонес што ги содржи целите за намалување на емисиите и тоа да го достави до Секретаријатот на Обединетите нации.

Потоа, се очекува да се зацрта патна карта за целта за „достигнување до нето нула емисии во 2053 година“ што беше соопштено од страна на претседателот Ердоган.

Изршната директорка на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени Патрициа Еспиноза претходно го изјави следното: „Турција е голема економија. Затоа е многу значаен придонесот што би можела да го даде Турција во борбата против климатските промени во сите сфери коишто се опфатени со Парискиот договор.“

 



Слични вести