Ердоган и Орбан ќе претседаваат со 5. состанок на Турско-унгарскиот совет за стратешка соработка

Утре Анкара ќе биде домаќин на 5. состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Унгарија со кој ќе претседаваат претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан

1732236
Ердоган и Орбан ќе претседаваат со 5. состанок на Турско-унгарскиот совет за стратешка соработка

Утре во Анкара под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе се одржи 5. состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Унгарија.

На состанокот на Советот што ќе се одржи со учество на релевантните министри, ќе бидат разгледани со сите нивни аспекти односите помеѓу Турција и Унгарија а ќе бидат разменети и мислења во однос на актуелни регионални и меѓународни случувања.

Во објавеното писмено соопштение од страна на одделот за комуникации при претседателството се истакнува следното: „Состанокот ќе биде потврда на заедничката волја за продлабочување на нашите билатерални односи со нашиот стратешки партнер и сојузник Унгарија, како и на нашата соработка на мултилатерални платформи на чело со НАТО, Европската Унија (ЕУ) и Турскиот совет. По повод состанокот ќе бидат потпишани различни договори и протоколи во правец на зајакнување на соработката.“

 



Слични вести