Државниот врв на чело со претседателот Ердоган во посета на мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“

Претседателот Ердоган на чело на државната делегација составена од државни и владини функционери, претседатели на политички партии, воени и цивилни претставници, го посетија мавзолејот на Ататурк, неговото вечно почивалиште

1731808
Државниот врв на чело со претседателот Ердоган во посета на мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“
Devlet Erkanı 10 Kasım Anıtkabir.jpeg
Devlet Erkanı 10 Kasım Anıtkabir1.jpeg
Devlet Erkanı 10 Kasım Anıtkabir2.jpeg
Devlet Erkanı 10 Kasım Anıtkabir3.jpeg

Денеска е 10 ноември, 2021 година... Ја одбележуваме 83. годишнина од смртта на големиот лидер основоположникот на Република Турција Гази Мустафа Кемал Ататурк.

Турција, уште еднаш со љубов, почит и благодарност се сеќава на својот голем лидер Ататурк кој во текот на својот 57 годишен живот секоја борба на која се нафати за независноста на својот народ и својата татковина со неговата воена и политичка генијалност ја круниса со победа и кој своето име го запиша со златни букви во турската и светската историја.

На 83. годишнина од смртта на Ататурк во неговиот мавзолеј „Аниткабир“ во Анкара се одржа државна церемонија.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на чело на државната делегација составена од државни и владини функционери, претседатели на политички партии, воени и цивилни претставници, го посетија мавзолејот на Ататурк, неговото вечно почивалиште.

Претседателот Ердоган и делегацијата во негова придружба положија венец на мавзолејот на Ататурк, а потоа му беше оддадена почит на големиот лидер и беше испеана Националната химна. 

Ердоган потоа премина во Кулата Мисак-и Милли (кулата на Националните сили) која своето име го добива од политичкииот манифест на турската борба за слобода и овде се потпиша во спомен книгата на мавзолејот.

Претседателот Ердоган во споменик книгата го напиша следното: „Честит Ататурк, уште еднаш се сеќаваме со милост на одбележувањето на 83. годишнина од вашата смрт. И покрај сите тешкотии и слонамерни продолжуваме да стануваме уште поголеми, да растеме и да ја развиваме нашата Република која ја формиравте Вие и ни ја оставивте во аманет, а за да ја направи блескава ѕвезда во регионот во кој се наоѓаме и во светот. Со историските успеси коишто ги постигнуваме на секое поле а особено во образованието, здравството, безбедноста и индустријата, одлучно напредуваме кон нашите цели за 2023 година. Апсолутно, никако нема да дозволиме да бидат нападнати (да се посегне по) интегритетот на нашата земја, опстанокот и постоењето на нашата држава како и единството, мирот и древните вредности на нашата благородна нација. Почивајте во мир.“

Утрово точно во 09:05 часот по турско време, моментот кога Ататурк ги затвори своите очи и почина на 10 ноември 1938 година пред точно 83 години, засвиреа сирените.

За момент замре животот во целата земја, сите граѓани му оддадоа почит со двоминутно молчење на големиот лидер.

За време на оддавањето почит на големиот лидер, дојде до излив на силни емотивни чувства кај граѓаните.

 



Слични вести