Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 196 лица, регистрирани се 28.662 нови позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 196 лица, направени се 359.560 тестирања од кои се регистрирани 28.662 нови позитивни случаи

1731648
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 196 лица, регистрирани се 28.662 нови позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 196 лица.

Во изминатото деноноќие се направени 359.560 тестирања од кои се регистрирани 28.662 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 28.859 лица.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза вакцина заклучно со денеска 09 ноември, вторник во 21:55 часот по турско време, се зголеми на 117 милиони 723 илјади 821.



Слични вести