Билатерални средби на министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Курум во Глазгов

Министерот за животна средина, урбанизам и климатски пормени Мурат Курум во Глазгов во Шкотскиот кампус за манифестации најпрвин се состана со извршниот директор на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против опустинувањето (УНЦЦД) Ибрахим Тиав

1731643
Билатерални средби на министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Курум во Глазгов

Министерот за животна средина, урбанизам и климатски пормени Мурат Курум во рамките на 26. Конференција на страните на рамковниот договор за климатски промени на Обединетите нации (КОП26) што се одржува во шкотскиот град Глазгов, остварува низа билатерални средби и разговори.

Министерот Курум во Шкотскиот кампус за манифестации најпрвин се состана со извршниот директор на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против опустинувањето (УНЦЦД) Ибрахим Тиав.  

Министерот за животна средина, урбанизам и климатски пормени Мурат Курум потоа оствари билатерални средби и со министерот за животна средина на Бразил Хоаким Леите, министерот за животна средина и климатски промени на Катар шеикот Фалех бин Насер, министерката за меѓународна трговија на Обединетото Кралство Ане Мари Тревелјан, заменик министерот за животна средина, заштита на природата и нуклеарна безбедност Јохен Фласбарт и со потпретседателот на Европската комисија задолжен за животна средина и климатски промени Франс Тимерманс.

На сиве овие остварени разговори беа разгледани борбата против климатските промени и активностите за соработка во сферата на животната средина.

 



Слични вести