Турција повика на итен прекин на огнот и дијалог во Етиопија

Во соопштението на МВР се вели следното: „Повикуваме на итен прекин на огнот за да се стави што поскоро крај на насилството во земјата (Етиопија) и да се воспостави мирот и стабилноста, ги покануваме страните на дијалог“

1730111
Турција повика на итен прекин на огнот и дијалог во Етиопија

Турција повика на итен прекин на огнот за ставање крај на ескалацијата на судирите во Етиопија и ги покани страните на дијалог за воспоставување на мирот и стабилноста во оваа источноафриканска држава.

Во објавеното писмено соопштение на Министерството за надворешни работи се истакнува дека се следи со загриженост ескалацијата на судирите во Етиопија.

Во соопштението се вели следното: „Повикуваме на итен прекин на огнот за да се стави што поскоро крај на насилството во земјата (Етиопија) и да се воспостави мирот и стабилноста, ги покануваме страните на дијалог.  Во тие рамки ја повторуваме нашата подготвеност да ја дадеме секакој вид поддршка“.

Во соопштението се нагласува дека Турција има пријателски односи со сите етнички групи во Етиопија коишто се темелат на историски и културни врски, а воедно се вели дека Турција ќе продолжи со доставување на хуманитарна помош за Етиопија, вклучувајќи ја и областа Тиграј, којашто ја реализира уште од почетокот на судирите.

Во изјавата,

„Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите во правец на зачувување на мирот, спокојството и стабилноста во Етиопија.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи.



Слични вести