Ибрахим Калин: „Не е можно да се направи пресметка и да се развие политика без Турција“

Двајцата лидери се согласија и за поставување на турско-американските односи во вистинската стратешка рамка

1729712
Ибрахим Калин: „Не е можно да се направи пресметка и да се развие политика без Турција“

 

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин рече дека „Не е можно да се направи пресметка и да се развие политика без Турција“.

Ибрахим Калин присуствуваше на свеченото отворање на Академската година 2021-2022 на Универзитетот за музика и визуелни уметности во Анкара, а потоа одговараше на прашањата на новинарите.

Потсетувајќи дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Самитот Г-20 имаше долга средба со Џо Бајден, претседател на Соединетите Американски Држави (САД),  Калин рече: „Претседателот имаше многу продуктивна, убава и конструктивна средба со г. Бајден. Не само од аспект на времетраењето, туку и исклучително од аспект на содржината беше силна средба. Двајцата лидери се согласија и за поставување на турско-американските односи во вистинската стратешка рамка. Тие се согласија да воспостават механизам кој ќе ја следи оваа рамка и ќе ја одрази на регионалните билатерални прашања. Овој механизам ќе се воспостави во најкраток можен рок под координација на нашето Министерство за надворешни работи, ќе разговараме со нашите соговорници, ќе го презентираме пред нашите лидери. Ќе продолжиме да работиме во рамките на упатствата што ни се дадени за осигурување дека турско-американските односи се таму каде што треба да бидат“.

„Ако треба да наброиме 4-5 геополитички прашања кои директно влијаат на светската политика во моментов, како што се Авганистан, Источниот Медитеран, Сирија, Кавказот, Либија, во сите ја има Турција,  рече портпаролот Калин.



Слични вести