Парискиот договор на сила ќе стапи на 10 ноември 2021 година

Предлог законот за одобрување на Парискиот договор, од страна на претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, на 1 октомври беше доставен до Претседателството на Собранието

1729125
Парискиот договор на сила ќе стапи на 10 ноември 2021 година

 

Со одлуката на претседателот објавена во Службен весник, Парискиот договор на сила ќе стапи на 10 ноември 2021 година.

Во одлуката објавена со потписот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше наведено дека датумот на стапување во сила на Парискиот договор, кој беше одобрен со одлуката број 4618 на претседателот од 7 октомври 2021 година, е одреден како 10 ноември 2021 година.

Претседателот Ердоган на 21 септември, на Генералното заседание на Обединетите нации најави дека Турција ќе го ратификува Парискиот договор и дека ќе биде усвоена целта за нето нулта емисија за 2053 година.

Предлог законот за одобрување на Парискиот договор, од страна на претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, на 1 октомври беше доставен до Претседателството на Собранието.

Законот за Парискиот договор стапи на сила по објавувањето во Службениот весник на 7 октомври.



Слични вести