Заменик министерот за внатрешни работи Чатакли: Во октомври се неутрализирани 98 терористи

Заменик министерот за внатрешни работи Чатакли истакна дека од 98 неутрализирани терористи во месец октомври 71 се припадници на ПКК/КЏК, а 27 на ДЕАШ

1728757
Заменик министерот за внатрешни работи Чатакли: Во октомври се неутрализирани 98 терористи

Заменик министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли одржа месечен состанок за информирање на печатот во Анкара што ги содржеше активностите на Министерството и притоа информира дека во месец октомври оваа година се неутрализирани 98 терористи.

На состанокот, Чатакли истакна дека од 98 неутрализирани терористи во месец октомври 71 се припадници на ПКК/КЏК, а 27 на ДЕАШ.

„Установено е дека од нив 1 е од сината категорија, 1 од портокаловата и 3 од сивата категорија.“ - рече Тој.

Привлекувајќи внимание дека една од точките на дневниот ред во месец октомври беше безбедноста на границите поврзано со случувањата до коишто доаѓа во Авганистан, заменик министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли го рече следното: „Турција е одлучна и успешна во спречувањето на нерегуларната миграција, и има стабилна и сериозна политика во управувањето со регуларната миграција. И последниот чекор што го фрливме во однос на управувањето со миграцијата е трансформацијата на нашата Генерална дирекција за миграција со претседателскиот указ во Претседателство за миграција и благодарение на тоа го зголемивме уште повеќе нејзиниот капацитет. Нашиот оддел за миграција сега ќе се стекне со можност да преземе побрзи и поефикасни чекори“.

Заменик министерот Чатакли рече дека се приведени 2.621 осомничен за кои се проценува дека им пружаат помош/уточиште на терористичките организации и се поврзани со нив, 492 лица се уапсени и се спречени 15 терористички акции.

Велејќи дека во борбата против нерегуларната миграција во месец октомври се фатени 16.516 нерегуларни мигранти и 790 организатори, од кои 2.670 на море, заменик министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли рече: „Бројот на Сиријците кои се вратија во нивната земја е 469.170, а бројот на Сиријците кои се регистрирани во нашата земја заклучно со денеска изнесува 3 милиони 726 илјади 206 лица.“

 



Слични вести