Турската крајбрежна стража во близина на Измир спаси 212 нерегуларни мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море во близина на Дикили, Чешме и Сеферихисар кај градот Измир спасија 212 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1728851
Турската крајбрежна стража во близина на Измир спаси 212 нерегуларни мигранти

Во Егејското Море во близина на населените места Дикили, Чешме и Сеферихисар кај градот Измир се спасени 212 нерегуларни мигранти меѓу кои се наоѓаат и турнати мигранти од страна на грчките елементи кон турските територијални води, а е фатено и едно лице со тврдење дека бил организатор.

Според објавеното соопштение на интернет страницата на Командата на крајбрежната стража, на 1 ноември по добиени информации дека гумен чамец на кој се наоѓале нерегуларни мигранти поради дефект на моторот бил одвлечен од брановите поради што била побарана помош на утврденото места беа испратени екипи со чамци на крајбрежната стража.

Притоа се спасени 30 нерегуларни мигранти качени на гумен чамец.

Во близина на месноста Мадра Чаји кај населеното место Дикили исто така се спасени 18 нерегуларни мигранти кои биле качени на гумен чамец и од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води, а во близина на населеното место Сеферихисар се извадени на копно 27 нерегуларни мигранти кои чекале помош во морето качени на гумен чамец.

Во близина на населеното место Чешме пак, се спасени 79 нерегуларни мигранти на едрилица, а 1 лице е приведено со тврдење дека бил организатор.

Спасени се 33 нерегуларни мигранти и од гумен чамец којшто бил одвлечен од брановите во близина на населеното место Чешме и за што било побарано помош. Исто така повторно во близина на Чешме   се спасени 25 нерегуларни мигранти качени на гумен чамец кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Против осомничениот криумчар на мигранти е покрената правна постапка, додека спасените 212 турнати нерегуларни мигранти странски државјани по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на градската Управа за миграција.

 



Слични вести