Според италијанскиот печат добитник на Самитот Г-20 во Рим е претседателот Ердоган

Високотиражниот италијански весник „Кориера дела Сера“, правејќи проценка на лидерите кои учествуваа на Самитот на земјите од групата Г-20 во врска со претседателот Ердоган го истакна насловот „Бараното име за сите жешки досиеја“

1728448
Според италијанскиот печат добитник на Самитот Г-20 во Рим е претседателот Ердоган

Италијанскиот печат коменатира дека „добитник“ на Лидерскиот самит на Г-20 што се одржа на крајот на неделата во главниот град на Италија, Рим, е претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Високотиражниот италијански весник „Кориера дела Сера“, правејќи проценка на лидерите кои учествуваа на Самитот на земјите од групата Г-20 во врска со претседателот Ердоган го истакна насловот „Бараното име за сите жешки досиеја.“

Привлекувајќи внимание дека за време на самитот голем број лидери сакале да го видат Ердоган, во веста на „Кориера дела Сера“ се истакнува следното: „Заедно со домаќинот Тој стана другиот главен лидер на Г-20. Турскиот претседател е неизбежен соговорник на најжешките досиеја.“

Во веста објавена во еден друг италијански весник „Ла Верита“ се вели следното: „Ако има 'победник' на овој самит Г-20 тоа е најверојатно е Реџеп Тајјип Ердоган. Дали тоа е преувеличена проценка? Веројатно не. На самитот во Рим, турскиот претседател обезбеди предност од три фактори: Благодарение на политичката слабост на американскиот претседател Џо Бајден и на меѓународно ниво и дома во неговата земја, тоа што на овој самит не учествуваше кинеско-руската оска Ердоган имаше простор за маневар, а како трето го истакна на преден план тоа што одигрува централна улога во некои критични точки.“

Во веста во врска со самитот објавена во весникот „Ил Месаџеро“ беше истакнато дека односите помеѓу Турција и Италија кои претходно со иизјавите на италијанскиот премиер Марио Драги беа затегнати со остварената билатерална средба помеѓу Драги и Ердоган во рамкикте на самитот, беа омекнати.

Во веста на „Ил Месаџеро“ се укажува на тоа дека оваа криза остана во минатото и се вели следното: „Требаше да се поправи, и така се случи.“

На информативниот портал на веб-сајтот „Афарииталиани“ беше изнесена следната проценка: „Овој самит на Г-20 помина успешно за Ердоган. Тој е вистински победник.“

Во веста беше истакнато дека италијанскиот премиер Марио Драги постигна одредени резултати за време на самитот, но на тоа не можеше да ги додаде Русија и Кина, дека за францускиот претседател Емануел Макрон овој самит помина „лошо“.

 



Слични вести