Претседателот Ердоган: Турција со силата што ја добива од младите гледа со надеж кон иднината

Претседателот Ердоган истакна дека населението на западните земји почнува да старее и дека Турција стои на место каде што со силата што ја добива од своите млади гледа со надеж кон својата иднина

1728676
Претседателот Ердоган: Турција со силата што ја добива од младите гледа со надеж кон иднината

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган испрати видео порака до Самитот на средбата на претприемачи на Турција што се одржува во градот Конја во организација на Фондацијата на бизнисмени претприемачи (ГИВ) и Турската младинска фондација (ТУГВА).

Ердоган истакна дека населението на западните земји почнува да старее и дека Турција стои на место каде што со силата што ја добива од своите млади гледа со надеж кон својата иднина.

Посакувајќи самитот да стане повод за добри работи за претприемачите, економијата и Турција, претседателот Ердоган рече: „Им честитам на нашите деловни луѓе кои беа удостоени за наградите за претприемништво. Им се заблагодам на сите учесници кои придонесоа за самитот со тема од идеја до претприемништво оваа година, со своите мислења, проценки, искуства и производи.“

Претседателот Ердоган истакна дека претприемништвото е карактеристика која ја има во суштината на народот и го рече следното: „Знаеме дека секој поединец, припадник на нашиот народ кога ќе му ја обезбедиме неопходната инфранструктура, обука и можност, може да биде крајно продуктивен во претприемништвото и иновациите.“

Подвлекувајќи дека на сите, од јавниот до приватниот сектор, им се паѓаат многу значајни задачи во обликувањето на нивните нови визии, чија прва радосна вест е дадена со Револуцијата за зелен развој, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Во тој контекст ние имаме многу големи очекувања, особено од нашите млади. Во период кога населението на западните земји почнува да старее, а на исток сѐ уште не се решени проблемите со образованието и инфраструктурата, нашата земја Турција стои на место каде што со силата што ја добива од своите млади гледа со надеж кон својата иднина. Секое искуство кое сме го доживеале, секоја неволја што сме ја надминале, ја зајакнува одлучноста на нашиот народ за достигнување до своите. Самитот на средбата на претприемачи на Турција што се одржува во градот Конја, престолнината Селџучката држава, нашата прва држава во Анадолија, ќе ни придаде инспирација на сите за изградба на голема и силна Турција.“

 



Слични вести