Соопштение од Министерството за национална одбрана во врска со борбените авиони Ф-35

Извори на Министерството за национална одбрана кои одржаа состанок за информирање на печатот во Анкара, одговараа на поставените прашања на новинарите во врска со борбените авиони Ф-35

1727535
Соопштение од Министерството за национална одбрана во врска со борбените авиони Ф-35

Соопштено е дека вториот состанок министерствата за одбрана на Турција и Соединетите Американски Држави (САД) со цел да се надмине спорот и да се разгледат финансиските прашања во врска со борбените авиони Ф-35 се планира да се одржи за неколку месеци во Вашингтон.

Извори на Министерството за национална одбрана кои одржаа состанок за информирање на печатот во Анкара, одговараа на поставените прашања на новинарите.

На едно поставено прашање за остварената средба со делегацијата која допатува од Пентагон посветена на борбените авиони Ф-35, изворите истакнаа дека минатата недела во Анкара се одржа состанок помеѓу министерствата за одбрана на Турција и САД, со цел да се надмине спорот и да се разгледат финансиските прашања во врска со борбените авиони Ф-35.

Велејќи дека на состанокот е постигната согласност по прашањето на продолжување на преговорите, истите извори го истакнаа следното: „Одржан е првиот состанок. И двете страни ги изнесоа своите перспективи и позиции. За неколку месеци се планира вториот состанок да се одржи во Вашингтон. На разговорите се рагзледуваат методите за решавање на проблемите.“

На едно поставено прашање дали на разговорите ќе се разгледат и прашања за враќање на Турција во програмата Ф-35, извори на Министерството за национална одбрана го информираа следното: „Ние ја изнесовме нашата позиција. имаме став како прво да се вратиме во програмата Ф-35, како второ да ни се испорачат авионите и доколку не се оствари тоа да ни се вратат парите што ги плативме. Разговорите ќе продолжат во тие рамки.“

 



Слични вести