Претседателот Ердоган во авионот на враќање од Самитот на Г-20 во Рим одговараше на прашањата на новинарите

Претседателот Ердоган, по посетата на Рим требаше да отпатува за Глазгов кадешто се одржува 26. Конференција за климатски промени на Обединетите нации (КОП26), но истакна дека се откажал од оваа посета

1727737
Претседателот Ердоган во авионот на враќање од Самитот на Г-20 во Рим одговараше на прашањата на новинарите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од Лидерскиот самит на Г-20 во главниот град на Италија, Рим одговараше на прашањата на новинарите.

Претседателот Ердоган, по посетата на Рим требаше да отпатува за Глазгов кадешто се одржува 26. Конференција за климатски промени на Обединетите нации (КОП26), но истакна дека се откажал од оваа посета.

Велејќи дека откако не беа исполнети барањата на Турција во однос на стандардите на протоколот за безбедност се откажале од одење во градот Глазгов во Шкотска за 26. Конференција за климатски промени на Обединетите нации (КОП26), Ердоган рече: „Тоа не беше прашање само во врска со нашата безбедност беше прашање во врска и со угледот на нашата земја.“

Претседателот Ердоган појасни дека (со американскиот претседател Џо Бајден во Рим) преговарале во врска со набавката на воените авиони Ф-16 и го рече следното: „Не увидов негативен приод од нивна страна. Се надеваме дека ќе биде финализирано ова чувствително прашање коешто ги засега односите. Одлучивме освен соработката по прашањата на Сирија, Либија и Источниот Медитеран да ги интензивираме уште повеќе и нашите економски односи.“

Осврнувајќи се на прекуграничната операција против терористичките организации, Ердоган рече: „Она што треба да се направи секако ќе биде направено кога ќе затреба. Не може да се отстапи од тоа. Доколку пред нас се наоѓа ПКК/ПЈД/ЈПГ како терористичка организација, ние ќе го направиме она што е неопходно. Нема да отстапиме од тоа.“

На поставеното прашање зошто не отпатува за Шкотска, претседателот Ердоган одговори со зборовите: „Имаше стандарди за протокол за безбедност што ги побаравме за Лидерскиот самит на ОН за климатски промени што се одржува во Глазгов. Тоа беа стандардите во протоколот коишто отсекогаш се применувале за нас и за сите други лидери за време на сите наши меѓународни посети. Меѓутоа, во последен момент ни беше речено дека тие не можат да се исполнат. Потоа разбравме дека стандардите во нашето одбиено барање можеле да се обезбедат како ислучок за една друга земја.“

Велејќи дека тоа не е во усогласеност и со вообичаените дипломатски практикувања, претседателот Ердоган рече: „Не можевме да го прифатиме тоа. Нашите релевантни единици ги продолжија разговорите со јасен став. Фала, во врска со процесот покажа интересирање и британскиот премиер Борис Џонсон. Најпрвин рече дека проблемот е решен. Но во последен момент не побара и рече дека шкотската страна создава тешкотии. Откако не беа исполнети нашите барања и ние се откажавме од одење во Глазгов. На крај тоа не беше прашање само во врска со нашата безбедност, беше прашање во врска и со угледот на нашата земја. Ние сме одговорни за одбрана на угледот на нашиот народ. Нема да дозволиме никаде да им се наштети на угледот, честа, достоинството на нашата земја. На тој начин уште еднаш покажавме дека еден поправеден свет можеме да воспоставиме само со егалитарен приод.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така додаде дека откако ќе биде одобрена домашната турска вакцина против новиот тип коронавирус (Турковак) чии клинички испитувања моментално се реализираат таа заедно со турскиот народ ќе му се стави на располагање и во услуга и на човештвото.

 



Слични вести