Претседателот Ердоган се врати во земјата од Лидерскиот самит на Г-20 во Рим

Претседателот Ердоган и делегацијата во негова придружба со специјалниот авион „ТУР“ пристигнаа на Аеродромот Ататурк во Истанбул синоќа по полноќ во 00:20 часот по турско време

1727379
Претседателот Ердоган се врати во земјата од Лидерскиот самит на Г-20 во Рим

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги заврши своите средби и разговори во главниот град на Италија, Рим и се врати во земјата.

Претседателот Ердоган и делегацијата во негова придружба со специјалниот авион „ТУР“ пристигнаа на Аеродромот Ататурк во Истанбул синоќа по полноќ во 00:20 часот по турско време.

Претседателот Ердоган овде беше пречекан од страна на валијата на Истанбул Али Јерликаја и други високи функционери.

Заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од Лидерскиот самит на Г-20 што се одржа во главниот град на Италија, Рим, се вратија во земјата и неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Лутфи Елван, потпретседателот на Партијата за правда и развој (АК Партијата) и портпарол на партијата Омер Челик, потпретседателот на АК Партијата Ефкан Ала, шефот на одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.

 



Слични вести