Претседателот Ердоган: Бајден покажа позитивен приод по прашањето на воените авиони Ф-16

Претседателот Ердоган по Лидерскиот самит на Г-20 во главниот град на Италија, Рим изјави дека американскиот претседател Џо Бајден покажа позитивен приод по прашањето на воените авиони Ф-16

1727218
Претседателот Ердоган: Бајден покажа позитивен приод по прашањето на воените авиони Ф-16

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по Лидерскиот самит на Г-20 во главниот град на Италија, Рим, одржа состанок за претставниците на печатот кадештој направи проценка на дневниот ред на самитот, а потоа одговараше на прашањата на новинарите.

Осврнувајќи се на влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз глобалната економија, Ердоган рече: „Иако глобалната економија во 2021 година почна да закрепнува, нашите економии сè уште се соочуваат со сериозни предизвици. Институциите кои го контролираат глобалниот финансиски систем не треба да станат средство за политички манипулации, што нема разумно економско оправдување.“

Претседателот Ердоган во врска со поддршката во оружје којашто Соединетите Американски Држави (САД) им ја даваат на терористичките организации го рече следното: „Верувам дека процесот во иднина нема да продолжи така.“

На едно поставено прашање во врска со остварената посета со американскиот претседател Џо Бајден во рамките на самитот пак, претседателот Ердоган одговори со зборовите: „Го доставувме нашето жалење по прашањето на поддршката којашто ја добиваат од Америка терористичките организации ПКК-ЈПГ/ПЈД во Сирија. И верувам дека процесот во иднина нема да продолжи така.“

Велејќи дека на средбата со Бајден беше поставено на дневен ред прашањето за модернизација на воените авиони Ф-16 со кои располага Турција или за нови Ф-16, Ердоган истакна дека процесот се следи од страна на министрите за одбрана на двете земји.

„Го согледав позитивниот приод на господинот Бајден во врска со ова прашање.“ - рече Тој.

Во врска со новиот миграциски бран кон Турција од Авганистан кој на 15 август премина под контрола на Талибан пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, потсетувајќи дека Турција моментално е домаќин на приближно 5 милиони луѓе кои се принудени на иселување од кои 3,6 милиони лица кои избегаа од војната во Сирија, го рече следното: „Ние ги преземаме нашите мерки и немаме намера да ги отвориме нашите врати за нов миграциски бран.“

 



Слични вести