Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Со реализирана операција од страна на турските командоси се неутрализирани уште двајца терористи на ПКК кои се утврдени во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак

1726868
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Во реализирана прекугранична операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана (МНО) преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека борбата против тероризмот продолжува на ефикасен и одлучен начин.

Во соопштението се вели дека со реализирана операција од страна на турските командоси се неутрализирани уште двајца терористи на ПКК кои се утврдени во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак.

Во рамките на операцијата „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım) во областа Авашин во северниот дел на Ирак, во една пештера на надморска височина од 1.917 метри од страна на турските командоси беа откриени колеми количини оружје и муниција и се предадоа четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести