Турција од 2011 година досега депортира во нивните матични земји 8.585 странски терористи

Минстерството за внатрешни работи соопшти дека од граѓанската војна во Сирија којашто започна во 2011 година досега од Турција се депортирани во нивните матични земји 8.585 странски терористи од 102 националности

1726780
Турција од 2011 година досега депортира во нивните матични земји 8.585 странски терористи

Турција од 2011 година досега депортира во нивните матични земји 8.585 странски терористи.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Минстерството за внатрешни работи се истакнува дека продолжуваат работите за депортирање на странските терористи во нивните матични земји од кои се дојдени за да им се приклучат на терористичките организации како што се ПКК/ПЈД и ДЕАШ.

Во соопштението се нагласува дека од граѓанската војна во Сирија којашто започна во 2011 година досега од Турција се депортирани во нивните матични земји 8.585 странски терористи од 102 националности.

Кога ќе се погледне кон распоредот на депортираните (протераните) странски терористи, во соопштението стои дека голем број терористи се вратени (депортирани) назад во нивните матични земји членки на Европската унија (ЕУ) и ѝ се придава место на информацијата дека од 2011 година досега во Соединетите Американски Држави (САД) се депортирани 44 терористи американски државјани и 1.075 терористи државјани на земјите членки на ЕУ.

Во соопштението се истакнува дека во 2019 година се депортирани 126 терористи во 12 земји на ЕУ, а минатата година 95 терористи во 8 земји на ЕУ, додека во периодот од 10 месеци оваа година се депортирани 61 терорист во 8 земји членки на ЕУ.

Според националната припадност (државјанството) на странските терористи кои се депортирани од Турција во нивните матични земји во полседните 3 години на првите 8 места се распоредуваат земји како што се Франција, Германија, Холандија, Белгија, Финска, Шведска, Романија и Велика Британија“, се додава во соопштението.



Слични вести