Телевизискиот канал „TRT World“ слави 6 години од своето формирање

Генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Мехмет Захид Собаџи, на својот профил преку социјалната медија сподели порака со честитка по повод 6-тата годишнина од формирањето на ТРТ Ворлд (TRT World)

1726768
Телевизискиот канал „TRT World“ слави 6 години од своето формирање

Телевизискиот канал ТРТ Ворлд (TRT World) на Турската радио и телевизија (ТРТ) кој го прочујува гласот на Турција во светот слави 6 години од своето формирање.

Турската радио и телевизија (ТРТ) не само внатре во границите на земјата, продолжува да напредува и да се развива со сфаќање за непристрасно и успешно новинарство и во меѓународни рамки.

Како резултат на ова разбирање, телевизискиот канал ТРТ Ворлд (TRT World) на Турската радио и телевизија (ТРТ), кој уште од своето формирање успеа да стане глас којшто создаде разлика во глобалното новинарство, пренесувајќи им ги на своите гледачи најновите случувања во сите делови на светот на чело со водечките региони и жаришта, со поставување на човекот во центарот, слави 6 години од своето формирање.

Генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Мехмет Захид Собаџи, на својот профил преку социјалната медија сподели порака со честитка по повод 6-тата годишнина од формирањето на ТРТ Ворлд (TRT World).

Собаџи во својата порака го истакна следното: „Првиот телевизиски канал на англиски јазик на Турција ТРТ Ворлд наполни 6 години. Ќе продолжиме да бидеме силниот, громовит глас на угнетените насекаде низ светот и да станеме инспирација за промени. За многу години ТРТ Ворлд“.

 



Слични вести