Претседателот Ердоган свечено го отвори новоизградениот Културен центар „Ататурк“ (АКМ) во Истанбул

Претседателот Ердоган истакна дека симбол градбата на Истанбул Културниот центар „Ататурк“ (АКМ) ќе се одржи на нозе со векови како место кадешто чука пулсот на културата и уметноста во Турција

1726779
Претседателот Ердоган свечено го отвори новоизградениот Културен центар „Ататурк“ (АКМ) во Истанбул
erdogan akm acilis.jpg
erdogan akm.jpg
AKM.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган свечено го отвори Културниот центар „Ататурк“ (АКМ) во Истанбул и во говорот што го одржа во оваа пригода ги поздрави учесниците на церемонијата и го честита 29 октомври Празникот на Републиката, на 98-годишнината од формирањето на Републиката.

Ердоган истакна дека симбол градбата на Истанбул Културниот центар „Ататурк“ (АКМ) ќе се одржи на нозе со векови како место кадешто чука пулсот на културата и уметноста во Турција.

Претседателот Ердоган истакна дека со милост и благодарност се сеќава на јунаците на националната борба на чело со Гази Мустафа Кемал Ататурк од чија страна беше подарена Републиката како најпоследна алка на овие простори од низата држави со илјадници годишно минато.

Тој рече дека чувствуваат радост и гордост од тоа што на денот кога се доживува радоста од одбележувањето на 98-годишнината од формирањето на Републиката им придаваат едно ново културно-уметничко дело на земјата и на Истанбул.

Велејќи дека Културниот центар „Ататурк“ (АКМ) чии темели беа поставени на плоштадот Таксим пред 75 години пред долго време беше доведен во неупотреблива состојба, претседателот Ердоган информира дека изградбата на ова дело кое расолага со вкупна површина од 95 илјади квадратни метри е завршена за рекордно време од 2,5 години.

Ердоган напомена дека со новиот Културен центар „Ататурк“ (АКМ) е изградено монументално дело кое ќе им нуди незоборавни културни и уметнички услуги на Истанбул и на светот.

„Нашиот Културен центар 'Ататурк' (АКМ) којшто го оценувам како последна алка од печатите што ги поставивме на овој гред уште од освојувањето на Истанбул во 1453 година, Иншаллах (со Аллахова помош и дозвола) ќе се одржи на нозе со векови како место кадешто ќе чука пулсот на културата и уметноста на нашата земја.“ - рече Тој.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и во објавата што ја сподели на својот профил преку социјалната медија со етикетата #AKMyeniden (#АКМповторно) го напиша следното: „Нека е аирлија (за доброто, корисно) на нашата земја, нашиот Истанбул и на нашата културно-уметничка заедница.“

Ердоган во својата објава сподели некои визуелни слики и во врска со Културен центар „Ататурк“ (АКМ).

 



Слични вести