Видео порака од претседателот Ердоган по повод 29 октомври Празникот на Републиката

Претседателот Ердоган рече: „Држејќи се цврство кон нашето единство, заедништво и братство коишто ја претставуваат нашата најголема доверба како народ, ќе водиме борба за ставање во примена на нашата кауза за голема и силна Турција“

1726447
Видео порака од претседателот Ердоган по повод 29 октомври Празникот на Републиката

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во видео пораката што ја објави по повод одбележувањето на 29 октомври Празникот на Републиката, го истакна следното: „Држејќи се цврство кон нашето единство, заедништво и братство коишто ја претставуваат нашата најголема доверба како народ, ќе водиме борба за ставање во примена на нашата кауза за голема и силна Турција.“

Велејќи дека со благодарност се сеќава на основоположникот на Републиката, Гази Мустафа Кемал Ататурк и на неговите јуначки соборци на 98-годишнината од нејзиното формирање, претседателот Ердоган во пораката го нагласи следното: „Им го честитам 29 Октомври Празникот на Републиката на нашите граѓани кои живеат внатре во границите на нашата земја и во странство и на сите наши пријатели кои го споделуваат со нас овој ден на гордост, кој е еден од златните алки на нашата славна историја. /…/. Им посакувам милост од Аллах на нашите честити шехиди кои по цена на нивните животи ни ја оставија во аманет оваа татковина. Во мое лично име, во име на мојата земја и на мојот народ, им благодарам на нашите газии (ветерани) кои водеа борба во име на истата благословена кауза, како и на нашите ветерани кои беа удостоени со титулата газии.“

„/…/. Додека е прилично на повидок 100-годишнината на нашата Република (во 2023 година), нема да дозволиме да не одвратат од нашиот пат, ниту една моќ, ниту едно валкано сценарио, ниту еден подмолен напад насочени против Турција. Држејќи се цврство кон нашето единство, заедништво и братство коишто ја претставуваат нашата најголема доверба како народ, ќе водиме борба за ставање во примена на нашата кауза за голема и силна Турција. Челичната волја со која нашата национална борба беше водена до победа и која и придаде живот на нашата Република, во оваа благословена борба што ја водиме, исто како и во последните 98 години, ќе продолжи да биде нашиот водич и денеска.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во видео пораката што ја објави по повод одбележувањето на 29 октомври Празникот на Републиката.

 



Слични вести