Специјално лого од Гугл по повод 29 октомври Празникот на Републиката

Гугл со специјално лого „дудл“ на својата насловна страница во чест на 29 октомври Празникот на Републиката ја честита 98-годишнината од формирањето на Република Турција

1726513
Специјално лого од Гугл по повод 29 октомври Празникот на Републиката

Најпопуларниот интренет пребарувач Гугл подготви специјално лого посветено на 29 октомври Празникот на Републиката.

Гугл со специјално лого „дудл“ на својата насловна страница во чест на 29 октомври Празникот на Републиката ја честита 98-годишнината од формирањето на Република Турција.

Корисниците на Гугл откако ќе притиснат на логото „дудлот“ се усмеруваат на страници со информации и вести во врска со 29 октомври Празникот на Републиката.

Применувањето на специјално лого „дудл“ од страна на Гугл е со цел да им се оддели место на значајни денови и празници, културни настани и значајни личности од историјата за земјите во светот, како и да им се посвети внимание на истите.

Интернет корисниците со кликнување на овие специјално подготвени „дудли“ можат да добијат детални информации за тој ден, настанот или личноста на кои е посветен дудлот.

 

 



Слични вести