Претседателот Ердоган во посета на мавзолејот на Ататурк на 29 октомври Празникот на Републиката

Првата церемонија по повод 29 октомври Празникот на Републиката се одржа во мавзолејот на основоположникот на Република Турција големиот лидер Гази Мустафа Кемал Ататурк „Аниткабир“, во главниот град Анкара

1726543
Претседателот Ердоган во посета на мавзолејот на Ататурк на 29 октомври Празникот на Републиката
Anıtkabir'de 29 Ekim Cumhuriyet Bayramı töreni.jpeg
Ərdoğan_Anıtkabir.jpg

Како секоја година така и оваа година 29 Октомври - Празникот на Републиката, на 98 годишнината од формирањето на Република Турција, се слави со голема радост, церемонии и прослави во целата земја, во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и во надворешно-конзуларните претставништва на Турција ширум светот.

Првата церемонија  се одржа во мавзолејот на основоположникот на Република Турција големиот лидер Гази Мустафа Кемал Ататурк „Аниткабир“, во главниот град Анкара.

Државната делегација на чело со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претставниците на политичките партии го посетија мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ кадешто беше поставен венец на неговиот гроб и му беше оддадена почит со едноминутно молчење на големиот лидер основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, а потоа беше интонирана Националната химна.

Претседателот Ердоган се потпиша во спомен книгата на мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“.

Тој го напиша следното: „Почитуван Ататурк, денеска на овој исклучителен ден кога ја доживуваме гордоста од тоа што ја прославуваме 98-годишнината од нашата Република уште еднаш со благодарност се сеќаваме на вашата голема личност, вашите соборци и нашите јуначки шехиди. Работиме деноноќно за да ја зајакнеме нашата Република која ни е оставена во аманет од страна на нашите шехиди по цена и на нивните животи, да го зголемиме нејзиниот углед и за да ја направиме една од 10-те најсилни економии во светот. Во период кога целото човештво се бори со сериозни кризи поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Турција го продолжува својот пат со успесите коишто ги постигнува на полето на извозот, вработувањето, производството и инвестирањето. Како припадници на еден јуначки народ чија славна историја е исполнета со победи, одлучни сме да ја состанеме нашата Република со целите за 2023 година. Почивај во мир.“

По официјалната церемонијата, мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ беше отворен за посета на граѓаните.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пак, по церемонијата дојде во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара кадешто ги прими честитките.

Маршот на свечената поворка по повод 29 октомври Празникот на Републиката, како секоја година и оваа година ќе започне од Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и ќе заврши пред Првото Собрание во квартот Улус во Анкара.

 

 

 



Слични вести