При експлозија на рачна експлозивна направа во северниот дел на Ирак загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım) во северниот дел на Ирак при експлозија на рачна експлозивна направа поставена од страна на терористите, стана шехид (загина) еден турски војник

1726632
При експлозија на рачна експлозивна направа во северниот дел на Ирак загина еден турски војник

Во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ („Pençe-Yıldırım“) во северниот дел на Ирак при експлозија на експлозивна направа од рачна изработка поставена од страна на терористите, стана шехид (загина) еден турски војник.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Денеска, при експлозија на рана експлозивна направа поставена од страна на терористите во подрачјето на операцијата Шепа-Гром стана шехид (загина) еден наш јуначки соборец. На нашиот честит шехид кој го загуби животот во овој настан кој не облеа во длабока тага и жалост му постакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до неговото ожалостено семејство, Турските вооружени сили (ТВС) и до нашиот честит народ, посакуваме трпение.“

Турските вооружени сили на 24 април оваа година ја започнаа операцијата „Шепа-Гром“ („Pençe-Yıldırım“) во северниот дел на Ирак  против терористите кои од ова подрачје извршуваат напади врз Турција.



Слични вести