Порака од претседателот на Собранието Мустафа Шентоп по повод 29 октомври Празникот на Републиката

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во пораката по повод 29 октомври Празникот на Републиката истакна дека како денеска така и во иднина никако нема да се напушти идеалот за повторно голема Турција, како една од главните цели

1726459
Порака од претседателот на Собранието Мустафа Шентоп по повод 29 октомври Празникот на Републиката

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп објави порака во која на сите граѓани кои живеат во Турција и надвор од земјата во странство, им го честита 29 октомври Празникот на Републиката.

Шентоп истакна дека како денеска така и во иднина никако нема да се напушти идеалот за повторно голема Турција, како една од главните цели.

Тој во пораката го нагласи следното: „Нека е честита 98-годишнината од прогласувањето на Републиката, што ја одбележуваме денеска. Се сеќавам со почит најпрвин на првиот претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и основачот на Републиката Гази Мустафа Кемал Ататурк, на јунаците на нашата национална борба, на сите наши големци кои досега беа во услуга на нашиот народ и на нашата држава и кои починаа и на сите наши честити шехиди. Ја доставувам мојата благодарност во име на мојот народ, до оние кои станаа шехиди (ги положија своите животи) за овие честити територии кои станаа наша татковина и како такви ќе останат вечно, како и до нашите газии (ветерани).“

„Од семоќниот Бог посакувам со чест, слава и висока свест да ја дочекаме 100-годишнината од нашата Република, која денеска со нетрпение ја слави и со нетрпение ја очекува нашето Гази Собрание, домот на народната волја кој лично раководеше со нашата народноослободителна војна. Како денеска, така и во иднина никако нема да се откажеме од идеалот за повторно голема Турција, како една од нашите главни цели. Целосната независност е нашиот карактер; Нашиот честит народ расолага со целосна волја, со единство и заедништво, да продолжи да ја гради и брани Република Турција. Овој народ, кој пред сто години ги расипа плановите на големите сили за окупација, и во иднина со идеалот за слобода и целосна независност и со сета своја сила ќе ги расипе глобалните игри. Аманетот на нашите предци, нашите газии и на нашите шехиди, се наш аманет. Нека ни е честит Празникот на Републиката“. - стои во пораката на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп по повод одбележувањето на 29 октомври 98-годишнината од формирањето на Републиката.

 

 



Слични вести