Во подрачјето на Ширнак се неутрализирани четворица терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на операциите „Ерен-13“ во подрачјето на градот Ширнак, се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1726385
Во подрачјето на Ширнак се неутрализирани четворица терористи

Во рамките на операциите „Ерен-13“ коишто се реализираат од страна на единиците на жандармеријата во подрачјето на градот Ширнак, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека е реализирана антитерористичка операција во руралното подрачје на планината Херекол во населеното место Первари кај градот Сиирт.

Во операцијата реализирана од страна на жандармериските командоски и жандармериските специјални единици  во склопот на гардската команда на жандармеријата во Сиирт со поддршка на беспилтоно летало на жандармеријата Ж-ИХА (J-İHA) и Командата на воздушните сили и под координација на Регионалната команда на жандармеријата во Ширнак, се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се нагласува дека продолжуваат операциите во подрачјето.



Слични вести