Објава со инфографика од претседателот Ердоган во врска со Народната градина во главниот град Анкара

Претседателот Ердоган, инфографиката ја сподели со пораката „Посакувам нашата Народна градина во главниот град чие отворање го остваривме денеска да биде аирлија (за доброто, во корист) на нашата Анкара“

1726421
Објава со инфографика од претседателот Ердоган во врска со Народната градина во главниот град Анкара

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил преку социјалната медија сподели објава со инфографика во врска со Народната градина во главниот град Анкара што ја отвори свечено вчера.

Ердоган, инфографиката ја сподели со пораката „Посакувам нашата Народна градина во главниот град чие отворање го остваривме денеска да биде аирлија (за доброто, во корист) на нашата Анкара. Во овие денови кога времето е добро, ги повикувам сите наши граѓани да уживаат во нашата градина во главниот град.“

На инфографиката зазедоа место детали во врска со содржината на Народната градина.

Според тоа, во Народната градина во главниот град која располага со површина од 700 илјади квадратни метри, се наоѓа Народна библиотека во која се наоѓаат илјадници книги.

Освен тоа, во Народната градина се наоѓаат детски клуб, детски игралишта, ливади за јавање и манифестации, центар за семиња, спортски игралишта, овоштарници за одгледување овошје и зеленчук, трамвајска линија со 6 постојки, повеќенаменски културен центар со конференциска сала за 5 илјади лица, кино на отворено, места за паркирање велосипеди, џамија, уметнички ателјеа/работилници, чајџилница, ресторан на отворено и здравствен центар.



Слични вести