Ердоган: Анкара ќе стане локомотива на Револуцијата за зелен развој, како прва и најамбициозна цел на нашата визија за 2053 година

Претседателот Ердоган истакна дека Анкара ќе стане град локомотива на Револуцијата за зелен развој, која е идентификувана како прва и најамбициозна цел на поставената визија за 2053 година

1726384
Ердоган: Анкара ќе стане локомотива на Револуцијата за зелен развој, како прва и најамбициозна цел на нашата визија за 2053 година

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на свечено отворање на Народната градина Културниот центар Ататурк (АКМ) во Анкара истакна дека на Аеродромот Ататурк во Истанбул ќе биде изградена Народна градина којашто ќе и доликува на 100-годишнината од формирањето на Републиката и дека тендерот за овој проект ќе се одржи до крајот на годината.

Ердоган рече: „Анкара ќе стане град локомотива на Револуцијата за зелен развој, која ја идентификувавме како прва и најамбициозна цел на нашата визија за 2053 година.“

Претседателот Ердоган информира дека средствата во износ од 3 милијарди 157 милиони долари кои и се обезбедени на Турција со посредство на Светската банка и развиените земји  ќе бидат искористени за проекти за зелена клима т.е. еколошки проекти.

„Откако успешно ќе го поминеме (оставиме зад нас) тестот во 2023 година, веќе нема да знаеме за никаква минлива моќ, никаква препрека што би можела да ја запре Турција.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести