Чавушоглу: „Русија и САД треба да ги одржат дадените ветувања во однос на повлекувањето на ПКК/ЈПГ“

Опозицијата и режимот тртеба да се здружат и да се согласат за иднината на Сирија

1726292
Чавушоглу: „Русија и САД треба да ги одржат дадените ветувања во однос на повлекувањето на ПКК/ЈПГ“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Нападите на ПКК/ЈПГ се зголемени. Ниту Русија, ниту Соединетите Американски Држави (САД) не ги исполнија ветувањата дека ќе ги повлечат терористите. Во овој случај, ние мора да го направиме она што е потребно“.

Чавушоглу во директен пренос на во една телевизиска програма одговараше на прашањата за агендата.

На прашањето за можната операција во Сирија поради нападите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и за контактите со Русија и САД во врска со Сирија, Чавушоглу рече:

„Дојдовме на идеја да оствариме средба со земјите кои спдоелуваат заедничко мислење со САД во однос на Сирија или да одржиме состанок на меѓународна група за поддршка на Сирија и работиме на тоа“.

Потсетувајќи дека тие често се собираат во овие формати, а потоа во игра стапи форматот Астана, Чавушоглу рече: „Сега има потреба од таков состанок. На Русите како и на Иран им ја упатуваме следната порака: „Вие самите видовте, истото пренесете им го и на режимот, не е можно воено решение“.

Објаснувајќи дека терористичкиот напад во Дамаск и нападите на режимот врз Идлиб имаа негативно влијание врз уставните преговори во земјата, Чавушоглу рече:

„Ова е единственото решение. Со други зборови, опозицијата и режимот тртеба да се здружат и да се согласат за иднината на Сирија“.

Чавушоглу ја истакна важноста за поддршка на политичкиот процес, наведувајќи дека режимот во Сирија претпочита воено решение, поради што треба да се врати оваа грешка.

Истакнувајќи дека Турција го поддржува територијалниот интегритет на Сирија, Чавушоглу продолжи:

„ПКК е закана за сите нас. Таа е закана и за нив и за нас. Нападите на ЈПГ/ПКК во последно време се зголемија. За жал, ниту Русија, ниту САД не го одржаа ветувањето за повлекувањето на терористите. Затоа, во таква ситуација, ние мора да го направиме она што е потребно. Ова го кажа и нашиот претседател“.

Министерот Чавушоглу рече дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги покренал овие прашања на средбата со рускиот претседател Владимир Путин и дека за нив ќе разговара и на средбата што се очекува да ја одржи со американскиот претседател Џо Бајден.

Посочувајќи на договорот што САД и Русија го постигнаа со Турција по операцијата „Извор на мирот“, Чавушоглу рече: „Таму каде што се САД, или таму каде што се наоѓа Русија, ќе ги повлечеа овие терористи на ПКК на 30 километри повнатре. Досега не го одржаа даденото ветувње. Тие се такви. Ние кога даваме ветување, го одржуваме зборот. Кога потпишуваме договор, го правиме потребното. Јас тоа го кажувам јасно и отворено. Зборувам и за Русија и за САД. Не го одржаа зборот. Напротив, САД продолжија да ги поддржуваат терориситите. Секако за тоа ќе се разговара на средбата“.

Наведувајќи дека претседателот Ердоган ги даде потребните изјави во врска со евентуална операција, Чавушоглу алудираше и на зборовите на Ердоган „Една ноќ ненадејно“.



Слични вести