Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 229 лица, регистрирани се 25.528 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 229 лица, направени се 354.580 тестирања од кои се регистрирани 25.528 нови позитивни случаи

1726389
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 229 лица, регистрирани се 25.528 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 229 лица.

Во изминатото деноноќие се направени 354.580 тестирања од кои се регистрирани 25.528 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 27.651 лице.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза вакцина заклучно со денеска 28 октомври, четврток во 21:00 часот по турско време, се зголеми на 116 милиони 023 илјади 796.

 



Слични вести